Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > Комити > Најди начин, дојди за Вардар!
Најди начин, дојди за Вардар!

Најди начин, дојди за Вардар!

Утре на програмата е пресметката од фудбалскиот Супер куп на Македонија, во кој ќе се сретнат освојувачот на титулата во ПМФЛ – Вардар, и освојувачот во купот на РМ – Работнички. Овој натпревар ќе се одигра на ден 23.09 (утре) со почеток во 20 часот на Националната Арена Филип II.

Дојдете сите да го поддржиме нашиот црвено – црн тим кон нови успеси, и титули. Собирното место е два часа пред натпреварот, на добро познатата локација Фонтатан – парк. Овој пат како што е добро познато ќе се навива од јужната трибина (блок 1) Ги повикуваме сите љубители на фудбалот, и Комити, да дојдат на јужната трибина на блок 1.
Напред Вардар, Вардар шампион!