Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Филип Арсеновски: Победи младоста, упорноста и нашата преголема желба

Филип Арсеновски: Победи младоста, упорноста и нашата преголема желба

vardarfans ff

Екипата на Вардар 2, која ја предводи легендарниот Стојан Петрушевски ја забележа првата своја победа на стартот на сезоната во првата ракометна лига. Ова е голем предизвик за овие млади момчиња, кои минатата години се натпреваруваа во младинската лига и истата ја освоија. Во премиерниот настап е остварен триумф на гостувањето во Чаир, против екипата на Риниа-М. Конечниот резултат гласеше 20:26. Филип Арсеновски е надежен ракометар кој игра на пикерската позиција и кој доби можност од Раул Гонзалес да заигра во првиот тим, минатата сезона во супер лигата.

Тоа беше првиот наш натпревар во првата ракометна лига во една повозрасна категорија. Со целиот респект спрема нашиот противник, кој што беше и повозрасен во години и поискусен, сепак победи младоста, упорноста и нашата преголема желба да го забележиме првиот триумф. Мечот се играше под малку поголема пресија од домаќинот, која на моменти излегуваше од контрола.

Во текот на целиот натпревар имавме постојано водство, кое постепено се зголемуваше од страна на црвено-црните. Очекуваме уште подобри игри за оваа екипа во продолжение од сезоната.

Сепак нашата смиреност и добрата организација на нашиот тренер Петрушевски, кој што очигледно добро не подготвил за вакви дуели, ја крунисавме со победа. Во нашата дебитантска сезона во првата лига, пред се очекуваме секој меч добро да го одиграме, да дадеме максиум од себе и да се надеваме на пласман во супер лигата за наредната сезона, изјави Арсеновски за нашиот сајт.

Звонко Ивановски