Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар се „лизна“ во Охрид, пораз од Победа (2-1)
Вардар се „лизна“ во Охрид, пораз од Победа (2-1)

Вардар се „лизна“ во Охрид, пораз од Победа (2-1)

Вардар се враќа од Охрид со наведната глава. Попладнево нашите играчи иако водеа на полувреме, сепак на крајот загубија од Победа со резултат 2:1. Чуден развој на настаните имаше овој натпревар, се до средината на вториот дел нашиот тим ја контролираше играта, но потоа следуваше голем пад и два гола на Победа за целосен пресврт и победа.

Вардарци заслужено водеа по првиот дел. Во текот на целите 45 минути нашиот тим ја контролираше топката, направи неколку добри шанси за гол, за разлика од противникот кој во првиот дел главно се фокусираше на дефанзивата, односно како да ја сочува својата мрежа недопрена. Првиот удар кон голот на Победа нашиот тим го имаше уште во 4 минута, Џигаури биеше од само пет-шест метри, но само во голманот Талески. Потоа во 6 минута Грнчаров се обиде но ударот беше млак и успеа голманот Талески да го одбрани. Во 23 минута Блажевски одлично шутираше од 20-сетина метри, но голманот на Победа одлично го одбрани ударот на нашиот играч. Во 30 минута Вардар го пронајде патот до голот на прилепчани. Блажевски изведе еден корнер, топката стигна до Грнчаров, кој со глава биеше прецизно за предност на нашиот тим. Со резултат 0:1 се замина на полувреме.

Во вториот дел чудно Вардар прими два погодока. Се до принудната замена на Грначаров, Вардар играше добро, потоа следуваше чуден развој на настаните. Најпрвин во 75 минута Победа го израмни резултатот на 1:1. Карчески по една мешаница биеше во стативата, топката дојде до Цветаноски кој биеше прецизно за 1:1. Во 83 минута Победа направи целосен пресврт. Гешоски нафрли една топка, Хамбарџумјан лошо исфрли само до Шаркоски кој го проигра Цветаноски кој стрелаше по втор пат за 2:1. Се до крајот на мечот Вардар се обидуваше барем да израмни, но не успеваше.