Денеска црвено-црните девојки на Вардар гостуваа во Франција кај Мец во меч од ЕХФ лигата на шампионки. Нашите девојки го забележаа вториот пораз по ред во елитната лига.
Првиот дел со гол го отвори екипата на Вардар која поведе со 0-1, по четири минути игра резултатот беше нерешен односно 2-2. Во следните минути успеваме со два гола да поведеме првпат со “плус два“ односно 2-4 во 7.минута од овој дуел. Следеше игра гол за гол во кој двата тима постигнаа на четири гола за резултат 6-8 во 12 минута. Мец прави серија по наш пад во играта 4-0 и поведува со 10-8 во 15 минута. Камара побара минута одмор за консултација по овој голем пад. Веднаш преку Пенезиќ успеваме да намалиме за 10-9. Домаќинките повторно се во елемент и успеваат да додадат нови четири гола предност поведувајќи со 18-13 во 28 минута. Правиме серија 1-3 и намалуваме на 19-16 со голот на Барбара Лазовиќ на 25 секунди до крајот на мечот. Домаќините го имаа последниот напад се обидоа да се вратат на “плус четири“ за среќа на црвено-црните не успеаа и на одмор се оди со 19-16 за французинките.
Домаќинките тргнаа со погодок во вториот дел и зголемуваат на 20-16 во првиот напад. Во следните минути двете екипи постигнувааат по три гола па во 37 минута резултатот е 23-19. Нов пат денеска имаа црвено-црните домаќинките успешно го користат прават нова серија со која одат на “девет плус“ тие со серија 6-1 поведоа со 29-20. Во 47 минута домаќинот отиде на двоцифрена предност, Мец поведе со 33-23 и најави дека вардарки денеска ќе забележат нов, втор по ред пораз во ЕХФ Лигата на шампионите. Во следните пет минути се играше гол за гол двата тима постигнаа по два погодоци ние бевме и понатака на “минус десет“, Мец водеше во 52 минута со 35-25. Во 54 минута домаќинот отиде на најголема предност од 13 гола, тие поведоа со 38-25 со гол од пенал. До крај немаше многу време за нешто повеќе, нашата игра остана на ниско ниво и забележавме пораз со 42-28. Домаќинките со гол на 10секунди до крајот првпат отидоа на 14 плус по тоа дојде крајот на овој дуел.
Ова е втор пораз во серија за Вардарки, со што е загрозено првото место во во нашата група. Во последното коло на домашен терен се среќаваме со екипата на Турингер.