Денес во малата сала при С.Ц “Јане Сандански“ во Скопје се одигра вториот ден од 8.коло во ракометната Вардар Јуниор лига. Кај девојките во генерација родени 2004 и 2005 се одиграа два дуела од ова коло. Во продолжение извештаи од истите.
Во првиот меч екипата на РК Ново Лисиче Вардар однесе победа над девојките од тимот на РК Филип Вардар од Прилеп со 12-2. Први со гол мечот го отворија девојките од Скопје, кои по 5 минути игра водеа со 3-0. Прилепчанки намалија на 3-1 со нивниот прв а воедно и последен гол во првиот период на овој женски дуел од Јуниор лигата. Потоа до крајот Ново Лисиче доминираше постигна уште два гола и на одмор мечот го однесе со предност од 5-1 во нивна корист.
Вториот дел со гол го почнаа девојките од Скопје на што прилепчанки отвовирија за резултат 6-2. Овој втор гол се покажа како и последен во вторит дел за РК Филип Вардар. До крајот погодуваа само девојките на РК Нови Лисиче Вардар. Тие направија серија 6-0 со која забележаа победа на овој меч со резултат 12-2. Кај победникот осум гола имаше Борјана Коцева, а нејзината сестра Бојана имаше два, Миладиноска и Пурдеска кај поразените погодија по еднаш.
Во вториот дуел РК Кале Вардар од Кичево високо триумфираше над девојките на РК Кисела Вода Вардар-3 со резултат 25-7. Први со гол мечот го отворија девојките од Кичево, тие прават серија 5-0 и поведуваат на почетокот. Скопјанки се враќаат во дуелот успеваат да погодат неколку пати и на средината од првиот дел намалија на 3-9. Сепак РК Кале играше далеку подобро прави серија 1-6 и мечот го носи на пауза со 11 гола водство, односно со резултат 4-15.
Вториот дел почна со нова серија на кичевнаки, тие не примија ниту едел погодок, а постигнаа седум и поведоа со 4-22 пред почетокот на последните пет минути од овој меч. Последните моменти од натпреварот беа изедначени се играше гол за гол на двете страни. Двата женски колектива постигнаа по три гола во противничките мрежи и мечот заврши со 7-25. Кај победникот Сара Стефановска имаше шест гола, а Ева Димитриевска даде пет погодоци.