Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > РК Вардар 2 на Петковски се пласираа во 1/4 на купот, “разбиена“ екипата на Текстилец во финалето на 1/8 група
РК Вардар 2 на Петковски се пласираа во 1/4 на купот, “разбиена“ екипата на Текстилец во финалето на 1/8 група

РК Вардар 2 на Петковски се пласираа во 1/4 на купот, “разбиена“ екипата на Текстилец во финалето на 1/8 група

 

Екипата на РК Вардар 2 е победник во својата осминафинална група од купот на Македонија. Денес во С.Р.Ц. Кале избраниците на Зоран Петковски беа убедливи во дуелот со екипата на Текстилец. На тој начин Вардарци веќе се пласираа во четвртфиналето.

Може да се каже повеќе од заслужена победа за нашиот млад состав кој имаше водство уште од првата минута и ниту во еден момент не дозволи да го испушти. Единствено еднаш гостите од Штип израмнија на 1:1. Одржуваа некаква резултатска рамнотежа само во првите пет минути кога резултатот беше 3:2, но од тие моменти започнавме постепено да ја зголемуваме предноста. Имавме три голови разлика (5:2) и истата континуирано растеше. На голот започна интернационалецот од Црна Гора, Јагош Брауновиќ кој имаше одлични интервенции. Вардарци изгледаа разиграно и доста моќно за противникот кој немаше одговор за нашата брза игра. Во еден момент имавме и водство од 9:4 која ја одржувавме и во следните седум минути кога резултатот на семафорот гласеше 12:7. Широката клупа на Вардар 2 и ротацијата која често ја правеше нашиот тренер ни овозможуваше да го контролираме и зголемуваме резултатот. На полувреме се покажа дека заминавме и со највисоки и солидни седум голови разлика (17:10).

vardarfans-misevski

Второто полувреме започна со наш гол за уште поубедливи 18:10. Текстилец се обидуваше да ја намли разликата, но тоа им успеваше само на моменти, кога црвено-црните експресно ги враќаа нивните голови. Сите дилеми ако и постоеа на овој натпревар беа разрешени кога Вардар стигна и до двоцифрена предност од 24:14. Во овој дел од играта го имавме расположениот Марко Мишевски кој прераснува во голем потенцијал на Вардар и Македонскиот ракомет.

vardarfans-petkovski-andrej

Одбраната делуваше на своето препознатливо ниво, а во вториот дел на голот застана Андреј Петковски кој повеќе од одлично го замени Брауновиќ. Имаше неколку одбрани, од кои и удар од седум метри. Нашиот голман не дозволи Текстилец да се доближи посериозно, иако во еден момент имаа само шест гола негатива (27:21). Сепак Вардар не дозволи никаква неизвесност и до крајот покажа дека е далеку поквалитетна екипа од гостинот. Полседните пет минути беа рутина, за на крај да славиме убедлив триумф од 31:23.

Најефикасни во нашиот состав беа Стефан Чакалиќ со 6 и Стефан Крстевски со 5 голови.

vardarfans-pobeda

РК Вардар 2: Петковски, Дамчески 1, Чакалиќ 6, Крстевски 5, Мишевски 4, Трајковски 1, Димитров, Апостоловски 2, Гичев 1, Лазов 2, Ѓоршески 2, Брауновиќ, Стоилевски 3, Амзоски 2, Стојановски 2.