Денес во малата сала при С.Ц “Јане Сандански“ во Скопје се одигра вториот ден од 8.коло во ракометната Вардар Јуниор лига. Кај момците во генерација родени 2004 и 2005 се одиграа четири дуела од ова коло. Во продолжение извештаи од истите.
Во првиот меч се сретнаа екипите на Гостивар и Карпош Вардар тие ги поделија бодовите во овој дуел кај момците, мечот заврши со резултат 11-11. Мечот со гол го отворија Карпош, а веднаш вратија со иста мера гостиварчани и изедначија на 1-1. Следи серија 0-4 со која момците од РК Карпош тим од Куманово поведуваат со “плус четири“ односно 1-5. Се игра во продолжение гол за гол се до крајот на полувремето, разликата остана идентична. На одмор се заминува со 5-9 за екипата на Карпош.
Вториот дел почна со гол на гол на Гостивар кој намали на 6-9, но во следната акција Карпош се врати на “плус четири“ односно 6-10. До крајот на мечот работите сосема се изменија момците од екипата на Гостивар заиграа одлично во одбраната и тоа резултираше со серија 5-1 со која израмнија на 11-11. Во последните напади немаше гол така да овие два тима ги поделија бодовите. Кај Гостивар- Филиповски и Стојковски погодија по 4 пати, а кај Карпош прв стрелец беше Дидевски со 6 гола.
Во вториот меч РК Урдаревски Вардар од Скопје однесе победа над РК Филип Вардар од Прилеп. Мечот први со гол го отворија скопјани по што РК Филип изедначи на 1-1. Во наредните минути се играше гол за гол и по една третина од полувремето резултатот беше реми, 3-3. Прилепчани влегоа во серија и прават 3-1 со што поведоа со “плус три“ 7-4. Во продолжение момците на Урдаревски се вратија во игра намалија и отидоа на одмор со гол негатива, односно 9-8.
Вториот дел почна со гол за израмнување на 9-9 со што двете екипи имаа еднакви шанси за триумф во продолжение. Сепак во продолжение гледавме доминација на една екипа скопјани до крајот одиграа одлично во одбрана, направија неверојатна серија 1-5 со која триумфираа со “плус четири“. Крајниот резултат беше 10-14. Кај победникот Благоја Петровски беше прв стрелец со 8 гола, а кај поразениот Ристески и Матески стрелаа по 3 пати.
Во третиот дуел се сретнаа екипите на РК Бисинов од Велес кој триумфираше над РК Асови од Кичево со 25-6. Први со гол мечот го отворија велешани, а потоа “броеа“ до осум, тие на средината на првиот дел водеа со 0-8 на мечот по што конечно Асови постигнаа почесен погодок. Во продолжение двата тима рамноправни постигнаа по два гола и на одмор се отиде со 3-10 за Бисинов.
Вториот дел почна идентично како и првиот, велешани сега направија серија 0-9 и поведоа со 3-19 со што најавија голем триумф. До крајот се беше рутина победата и бодовите заминаа за Велес, момците победија со 6-25. Давор Славевски со 8 и Иле Табаков со 7 гола беа први стелци кај победникот, а кај поразените Стефан Георгиевски имаше 3 гола.
Во последниот дуел кој изобилуваше со многу дуели и возбуда екипата на РК Карпош Вардар триумфираше над РК Илинден Вардар со само еден гол. Први со гол мечот за 0-1 го отиворија момците на Дарко и Александра Јанев, потоа следуваше серија 5-0 со кој кумановчани поведоа со 5-1. Оваа разлика остана и во наредните 5-6 минути откако двете екипи постигнаа по четири гола за 9-5. Кумановчани успеаа да поведат двојно со 10-5 на 3 минути до крајот на првиот дел. Сепак РК Илинден се издигна и направи серија 0-4 со која отиде со гол негатив на одмор 10-9.
Вториот дел почна со гол за РК Карпош кој поведе со 11-9 на почетокот. Кумановчани постојано поведуваа со два гола, а илинденци постојано намалуваа на еден и ја одржуваа неизвесноста. На 5 минути до крајот успеаа да изедначат и на 15-15 најавувајќи интересен финиш. Избраниците на Наташа Младеновска успеаа да бидат поуспешни во финишот и триумфираа со еден гол, тие славеја со 20-19 на овој дуел кај момците. Кај победникот Јани Лазаров беше прв стрелец со 8 гола, кај поразените Петар Колевски имаше 10 гола.