Денес во спортскиот центар Јане Сандански продолжија натпреварите во ракометната “Јуниор“ лига. Во големата сала се одиграа натпревари во женскиот дел кај генерација “2000/01. Победи забележаа екипите на РК Карпош од Куманово и РК Филип од Прилеп.
На првиот дуел во оваа генерација се сретнаа екипите на РК Урдаревски и РК Карпош. Урдаревски подобро го отвори натпреварот и по пет минути игра имаше водство од 3:1. Тоа беше знак за тренерот на Карпош, Натша Ѓорѓевиќ да повика тајм-аут. Советите од клупата вродија со плод на теренот, па набрзина тимот од Куманово успева да постигне три последователни голови и да поведе со 3:4. Во следните пет минути од натпреварот, Урдаревски го враќа водството на 5:4, но гледаме нова серија на Карпош од 0:3 за предност од 5:7.Во последните шест минути од првиот дел, Карпош повторно е во серија од три погодоци за на одмор да замине со највисоки 6:10.
Оваа разлика избраничките на Наташа Ѓорѓевиќ го одржуваа во текот на целото второ полувреме, а најмногу што стори Урдаревски е во два наврати да намали на два гола негатива. На крајот конечниот резултат гласеше 11:14 за РК Карпош. Тамара Краљевска постигна 4 гола кај победникот, додека кај поразените исто толку погодоци и за Теона Љадевиќ.
Екипата на РК Карпош одигра уште еден натпревар во оваа возрасна генерација, но во вториот нивни меч денес беа поразени од екипата на РК Филип-Вардар. Натпреварот убедливо им припадна на тимот од Прилеп со резултат 4:22. Предноста на почетокот на мечот од 0:8 за Филип Вардар даваше патоказ како ќе изгледа овој натпревар. На полувреме резултатот беше 1:10. Првиот гол во второто полуврее го постигна РК Карпош за намалување на 2:10, по што тимот од Прилеп направи нова серија од седум последователни голови за убедливи 2:17. Конечниот резултат гласеше 4:22. Најдобар стрелец беше Емилија Јовеска со 10 постигнати голови.