Thursday ,24 September 2020
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар добива големо засилување за денешниот дуел!!
Вардар добива големо засилување за денешниот дуел!!

Вардар добива големо засилување за денешниот дуел!!

ФК Вардар денеска и официјално ќе ја започне одбраната на титулата. Попладнево во Скопје на Градскиот стадион гостува тимот на Борец од Велес. Со овој дуел ќе биде отворен новиот шампионат на Македонија.

Вардар на овој дуел влегува засилен за едно ново име кое не беше планирано.

Како што дознава ,,Вардар Фанс”, најдобриот играч и стрелец од минатиот шампионат, Даниел Аврамовски денеска ќе биде во составот на Васоски и ќе го започне дуелот од првата минута.

Ова е огромно засилување за нашиот тим. Со популарниот Цујо, сега Вардар станува фаворит за победа и освојување на првите три бода во новата сезона.

Дуелот Вардар – Борец, започнува со почеток од 17 и 30 часот низ директен пренос на МТВ 1.