Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Пролетва имаме примено само еден гол, а дадено 12
Пролетва имаме примено само еден гол, а дадено 12

Пролетва имаме примено само еден гол, а дадено 12

ФК Вардар пролетва одигра четири првенствени кола. Во првото пролетно коло нашиот тим се сретна со тимот на Ренова. На таа средба нашите играчи победија со убедливи 4-1, и тоа со гол примен во последните минути од натпреварот. Потоа Вардарци одиграа натпревар во Турново против Хоризонт, на таа средба нашите играчи дојдоа до трите бода со еден даден гол. Потоа следуваше натптревар дома против тимот на Брегалница од Штип, на тој натпревар нашите играчи убедливо го победија тимот на штипјани со убедливи 4-0. За вчера нашите црвено – црни играчи да запишат уште една победа, овој пат во Охрид против Младост Ц.Д, исто така со убедливи 3-0.

Ова значи дека нашиот тим оваа пролет, на овие четири натпревари има четири победи и ниту еден нерешен резултат и пораз, со гол разлика од 12 дадени и само еден примен погодок. Следен тест за Вардарци е тимот на Металург дома в недела, потоа следуваат натпревари со шкупи, Работнички, Силекс и Шкендија.