Во натпревар од ракометнатата “Јуниор“ лига во машка конкуренција во генерацијата родени 2002/03 година, екипата на Илинден-Вардар беше подобра од Бутел-Вардар. Овој меч се одигра во големата сала на спортскиот ракометен центар Јане Сандански. Конечниот резултат гласеше 22:19.
Тимот на РК Илинден кој е предводен од клупата од Дарко Јанев, кој е поранешен играч на МРК Вардар го контролираше резултатот во текот на целиот меч и не дозволија ниту во еден момент противникот да го преземе водството. Дуелот започна со два гола за Илинден, кој набрзина поведе и со 5:2 и 8:5. Како одминуваше првиот дел, РК Илинден играше се подобро зголемувајќи ја предноста, која во еден момент достигна пет голови разлика (11:6). Оваа позитива успеаа да ја одржат до крајот на првиот дел, кога на кратка пауза се замина со резултат 14:9.
Второто полувреме започна со погодок за екипата на Илинден, за највисоко водство од 15:9. Тимот на Бутел немаше сили да се надигрува со Илинден, единствено што успеваше да направи е на моменти да го намали нивното водство и да не дозволи пред време да се реши победникот. Сепак квалитетот на двете страни беше очигледен, па Илинден успева да зголеми на 20:13. Бутел одговора со серија од три последователни голови за намалување на негативата. До крајот Илинден ја зачува предноста, за конечен резултат од 24:19 на овој дуел.