Како што дознава ,,ВАРДАР ФАНС” од извори од клубот, утре конечно фудбалерите на ФК Вардар ќе го имаат првиот тренинг во новата година и со самото тоа ќе започне подготовката за првиот пролетен натпревар против екипата на Пелистер во недела.
Утре најпрвин вардарци ќе се соберат и ќе направат корона тестови, а потоа ќе означат и старт на подготовките. Првиот тренинг утре ќе го води новиот стратег Никола Илиевски – Џиџи, а ќе присуствуваат и асистентите Грнчаров, Таневски, Ивановски и Глигоров. Истиот ќе биде во Академијата на ФК Вардар.
Останува да сочекаме и утре да видиме кој се ќе се појави на закажаниот собир.