ЖРК Вардар од минатиот месец е во процес на подготовки, веќе се одработени десетици тренинзи тимот се подготвува за пролетните предизвици. Пред нас се вториот дел од Супер лигата и Купот на Република Македонија.
Познат е почетокот на лигашкиот дел, уште долго ќе почекаат девојките на првенствен дуел. Лигата е закажана да започне на 1.април. Во првото коло сме домаќини на Стружанка оваа пролет. Причината зашто не се игра во март е квалификациите кои ќе ги ги игра македонската сениорска ракометна селекција. Поради тоа во март ќе се игра само Купот, црвено-црните дами на Ристова и Царчев на 6/7.март ќе бидат домаќини во Јане Сандански на тимот од Струга, екипата на Стружанка. Потоа на крајот на месецот (26/27.март) ќе гостуваат во ова напреварување во Гевгелија кај истоимената женска ракометна екипа.
Наскоро се очекува почетокот на тест-напреварите за кои благовремено ќе ве известиме. Изминатиот викенд одигра контролка со кадетскиот состав предводен од Платон и Папуџиева.