Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардарци утре започнуваат со тренинзи
Вардарци утре започнуваат со тренинзи

Вардарци утре започнуваат со тренинзи

Како што дознава ,,ВАРДАР ФАНС” од извори од клубот, утре конечно фудбалерите на ФК Вардар ќе го имаат првиот тренинг во новата година и со самото тоа ќе започне подготовката за првиот пролетен натпревар против екипата на Пелистер во недела.

Утре најпрвин вардарци ќе се соберат и ќе направат корона тестови, а потоа ќе означат и старт на подготовките. Првиот тренинг утре ќе го води новиот стратег Никола Илиевски – Џиџи, а ќе присуствуваат и асистентите Грнчаров, Таневски, Ивановски и Глигоров. Истиот ќе биде во Академијата на ФК Вардар.

Останува да сочекаме и утре да видиме кој се ќе се појави на закажаниот собир.