Во сабота на големиот Христијански празник Велигден, Вардар ќе гостува во Кратово.
По кратка пауза повторно овие две екипи ќе се сретнат и тоа во Кратово. На почетокот на пролетниот дел од сезоната Вардар го преслуша Силекс за само 20-тина минути, кога водеше дури и со 3:0
Ова беше за жал единствениот добар натпревар за Вардар оваа сезона, потоа следуваа низа на лоши игри, и резултати, што значеше драстично намалување на предноста со главниот конкурент за титулата Работнички, екипата на Работничнки ни се доближи на само 1 бод негатива.
Затоа Вардарци немаа право на повеќе киксови, тоа треба да биде заборав, по победата над Тетекс.
Натпреварот ќе се одигра во 16 часот, и ќе биде еден од големата низа на црвено – црни натпревари за Велика сабота.