Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > РК Вардар со пет преставника во изборот за ол-стар тимот во ЛШ
РК Вардар со пет преставника во изборот за ол-стар тимот во ЛШ

РК Вардар со пет преставника во изборот за ол-стар тимот во ЛШ

ЕХФ ги номинираше играчите кои ќе земат учество во гласањето за избор во ол-стар тимот за сезона 2014/2015. Вкупно 45 ракометари и 5 тренери ќе се борат за признанието најдобри на своите позиции. Беа избрани играчи од 19 клубови и 17 различни држави во Европа. Во овој избор секако се најдоа и играчи на Вардар.

Арпад Штербик е номиниран во изборот за најдобар голман. Тимур Дибиров ќе се бори за наградата најдобро лево крило. Игор Карачиќ е ставен во изборот за најдобар среден бек. Алекс Душебаев е номиниран во изборот за најдобар млад играч. Голема чест му припадна и на нашиот предводник Раул Гонзалес кој ќе се бори да го добие признанието за најдобар тренер. Гласањето започнува од денес и ќе трае заклучно до 24 мај 2015 година.

Најдобриот ол-стар тим ќе биде објавен за време на завршниот турнир на најдобрите четири што ќе се одржи во Келн, во периодот од 30 и 31-ви мај. Се надеваме дека токму Вардар ќе биде еден од учесниците на Ф4, а нашите номинирани црвено-црни играчи дека ќе се најдат сите во најдобрата седморка за оваа сезона. Само да подсетиме дека токму лани Дибиров беше дел од овој ол-стар тим каде доби највеќе гласови за позицијата лево крило

Можете да гласате на овој линк http://www.icy.at/ehf/CL_AllStarTeam2015M