Конечно избраниците на Сергеј Андреев ја прекинаа лошата серија од два натпревари без победа. На арената Филип втори беа подобри од екипата на Тетекс совладувајќи ги со резултат 2:0.
Неколку измени имаше во стартниот состав на Вардар, за разлика од претходните натпревари. Во првите 11 се вратија Гроздановски и Деспотовски, а своето деби во ПМФЛ за Вардар го имаше младинецот Петар Петковски. Мечот започна со блага иницијатива на Вардаровите фудбалери кои го имаа поседот на топка во текот на целото прво полувреме. Првата поконкретна шанса за погодок ја имаа гостите од Тетово, по еден изведен слободен удар кој успешно го скроти голманот Пачовски. Една минута подоцна една топка дојде до Ибричиќ, кој шутираше над голот на Тетекс. До 20-тата минута од мечот на неколку пати во офсајд замки се најдоа напаѓачите на нашиот тим. Првата посериозна и најголема шанса во првиот дел ја имаше Ибричиќ кој го погоди дирекот, по една нафрлена топка од десната страна. Продолжија нашите напади, по една одлична акција во главна улога се најде Филип Ивановски кој изби сам пред голот на противникот, дури го помина и упати удар но во последни секунди топката од пред гол линијата ја расчисти еден од одбранбените играчи на сините. Последната најголема прилика за гол во првото полувреме ја имаше повторно Ивановски, кој по една додадена топка од десната страна не успеа да донесе предност. По првото полувреме резултатот остана непроменет 0:0.
Во второто полувреме дојде и резултатски до израз добрата игра на Вардарци. Само 100 секунди им беа потребни да го решат победникот на овој дуел. Најпрво Филип Ивановски а во следниот напад и Блажевски донесоа предност од 2:0. За разлика од првиот дел, овој пат акцијата на Петковски кој повторно асистираше за Ивановски од десната страна успешно помина за 1:0. Не беше потребно многу време, во следната акција Блажевски избива сам пред голот на Тетекс за веќе предност од 2:0. По подолго време на теренот го видовме и Филип Петковски кој влезе на местото на стрелецот Ивановски, Спировски го замени денес одличниот Петар Петковски кој одигра одличен меч. До крајот на овој дуел црвено-црните уште неколку пати се заканија по голот на Тетекс, но резултатот остана оној од 64 минута 2:0.
И на овој натпревар не изостана поддршката од верните Комити, кои на неколку пати скандираа “оди си Андреев“. Вардар со оваа победа повторно се враќа на врвот на табелата, со еден бод предност пред Работнички