По пласманот во 1/8 финалето на фудбалскиот Куп на Македонија, Вардар им се враќа на натпреварите од ПМФЛ. Овој викенд во Скопје гостува последно-пласираниот тим во ПМФЛ, Беласица која засега нема освоено ниту еден првенствен бод.
Овој натпревар поради репрезентацијата на Македонија, нема да биде одигран на Градскиот стадион во Скопје, туку на тренинг центарот „Петар Милошевски“. Дуелот на овие два тима ќе се одигра во недела со почеток од 15.00 часот.
Теренот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ е во одлична состојба, па така Вардарци ќе имаат одлични услови за добра игра и победа.