Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > ФК Вардар гази и понатаму, без пораз во 2016 година!
ФК Вардар гази и понатаму, без пораз во 2016 година!

ФК Вардар гази и понатаму, без пораз во 2016 година!

ФК Вардар продолжува да реди победи во новата 2016 година. Овој викенд беше совладан и тимот на Слога на Чаир. На ова жешко гостување нашите момци покажаа и докажаа дека знаат како да играат на овој терен, па и втор пат оваа сезона заминаа со три бода. Јунак на овој натпревар беше Фелипе кој погоди за големи три бода во борба за титулата.

Тоа значи дека Вардарци и понатаму се непоразени во 2016 година, ова е веќе четврти месец, а ФК Вардар незнае за пораз. Оваа пролет имаме шест одиграни натпревари и сите ги имаме добиено, а кога ќе се придодадат и пријателските натпревари во Анталија, тогаш ФК Вардар има една одлична серија без пораз. Последен пат Вардарци во ПМФЛ беа поразени на 22.11.2015 од Хоризонт Турново нагости со 2:1. Очекуваме оваа серија на Вардар да продолжи и во иднина, во походот кон нова титула во ПМФЛ. Веќе утре не очекува нов дуел од 18 часот против Работнички.