Голманот Петар Ангелов или како што сите милуваме да го нарекуваме “Диви“ денес го имаше прошталното обраќање за официјално да стави крај на кариерата во црвено-жолтиот дрес. Една од главните причини за оваа одлука е тоа што не се најде од широкиот репрезентативен список за квалификациите за Рио-2016 во Гдањск. Ангелов за оваа одлука вели:
По завршување светското првенството во Катар на кое не одигравме како што ние посакуваме, размислував за пензионирање. Сепак по консултација со некои соиграчи од репрезентацијата решив да останам да го оствариме сонот за пласман на Олимпијада. Се беше во ред до списокот за ЕП во Полска. Како играч кој игра во тим во ЛШ, во најдобрите 10 во Европа три години по ред, очекува да биде во списокот. Но кога видов дека ме нема ни во 4 голмани на поширокиот список на 28 играчи, решив да кажам крај. Секогаш е тешко што мора да се откажеш од нешто што го сакаш, го почитуваш и цениш, но едноставно доаѓа и тој момент. Дресот на Република Македонија ми значеше буквално се, од моментот кога дебитирав за младинците, се до последниот квалификациски натпревар против Чешка.
Редакцијата на Вардар фанс му заблагодарува на Диви за се што прикажа за Македонија и му посакува успешни настапи во нашиот црвено-црн шампион.