Помладите пионери на ФК Вардар, генерација родени “2002“ година се победници во Б-финалето на турнирот “Скопје куп„. Избраниците на Љупчо Марковски утрово се сретнаа со екипата на Цибалија од Хрватска, која ја совладаа со резултат 2:0
По првото полувреме имавме водство од 1:о, а стрелец на голот беше Мујас Демири. Во вториот дел успеавме да го зголемиме резултатот на 2:0 преку Антонио Мирков. На целокупнио турнир, нашите млади надежи забележаа три победи. Совладани беа екипите на Пелистер, Бубамара. Поразени бевме од Реал Ниш, додека по една поебда и пораз имавме во дуелите со Цибалија од Хрватска.
ФК Вардар: Стојковски, Костовски (c), Крстевски, Асани, Фазлиу, Петејчук, Салиу, Гугуљанов, Мирков, Демири, Речица.