Пионерите на фудбалскиот клуб Вардар го одбранија трофејот на силниот меѓународен турнир “Скопје куп„. Избраниците на Сашо Тодоровски и Љупчо Кметовски на теренот на локомотива во големото финале беа подобри од екипата на Сесвете од Хрваатска. Ова всушнот беше реприза на финалето од минатата година, кога исто така црвено-црните забележаа триумф. Денешното финале заврши со победа на Вардар, со резултат од 3:0
Тренерот Тодоровски се одлучи за следниот состав: Андов, Астарџиев, Радевски, Антовски, Стојановски, Адем, Наумчески, Илиевски, Ибиши, Димоски, Реџепи.
Првиот удар го имаше Марио Илиевски кој шутира над голот на противникот. Црвено-црните уште од самиот старт го нападнаа противничкиот гол, што резултираше со рано водство, а резултатот за 1:0 го отвори Стефан Наумчески, на асистенција на Али Адем.
Прва шанса имаше и Сесвете од корнер, удар кој заврши покрај нашиот гол. Нашиот состав продолжи со офанзивната игра, а следен кој се обиде беше Ибити, кој при нафрлена топка од прекин биеше, но голманот на Сесвете брани со крајни напори. Голема шанса имаше и Јовица Радевски, кој на нафрлена топка од Реџепи не успева од непосредна близина да го погоди голот на Сесвете. Пред да го постигнеме вториот гол, обид имаше и Адем, но неговиот удар завршува во рацете на голманот.
Пред крајот на првото полувреме, успеваме да ја зголемиме предноста на 2:0. а стрелец на голот повторно е Наумчески, кој сам зема топка излегува сам со голманот, кој ја сместува топката во голот. Противникот имаше добра шанса да го намали резултатот, но Андов со одлична интервенција спасува гол. Со овој резултат заврши првиот дел.
Вардар ги реши сите дилеми околу конечниот победник, кога новото засилување, Џемал Ибиши успева да ја погоди мрежата на Сесвете и да зголеми на 3:0. Обид имаше и новото засилување, Цури но бие само во рацете на голманот. До крајот на натпреварот немаше некои поголеми возбудувања, па натпреварот заврши со резултат од 3:0. Добро започна сезоната за Вардаровата генерација родени “2001“ година, кои успеаа да освојат трофеј на стартот од сезоната. Во конкуренција на осум екипи, успеавме да освоиме прво место на турнирот “Скопје куп„, кој од понеделникот се играше на три терени во Скопје.
Во игра влегоа уште и Младеновски, Бојковски, Пешевски, Цури, Николов, Спировски, Хасановиќ, Ѓурковски, Асенов, В. Мирчевски, Апостоловски, Т.Мирчевски, Мартин Спировски, Марио Спировски.
На крајот се доделуваа и поединечни награди. За најдобар играч на турнирот е прогласен Марио Илиевски од редовите на Вардар.