Tuesday ,10 December 2024
Последни:
Home > Историја > Низ осумте прекрасни сезони минати во дресот на Вардар, Савевски одигра повеќе од 250 натпревари за најдобриот македонски фудбалски клуб

Низ осумте прекрасни сезони минати во дресот на Вардар, Савевски одигра повеќе од 250 натпревари за најдобриот македонски фудбалски клуб

1919466_1038437639530893_5076805180269230971_n
ТОНИ САВЕВСКИ – Роден е на 14 јуни 1963 година во Битола, еден од најдобрите играчи за врска кои некогаш го носеле дресот на Вардар.
За „црвено-црните“ од Скопје, Савевски дебитира во сезоната 1980/1981 и останува во клубот се до 1988 година. Најголемиот успех го постигнува во натпреварувачката 1986/1987 кога вардарци завршуваат на врвот на табелата во југословенскиот фудбалски шампионат. Во оваа сезона Савевски беше рекордер според бројот на настапите меѓу вардаровите фудбалери со 33 одиграни првенствени средби.

Низ осумте прекрасни сезони минати во дресот на Вардар, Савевски одигра повеќе од 250 натпревари за најдобриот македонски фудбалски клуб. Меѓу нив се оние две пресметки во Купот на Европските Шампиони против тогашниот континентален првак Порто.