Во текот на вчерашниот ден гостин на ФК Вардар, беше екипата на Кикер Краљево од Србија, кои на теренот на Академијата одиграа пријателски натпревар со вардаровата генерација родени “2005“ година. Нашите млади надежи забележаа убедлива победа на овој дуел, со резултат 5:1.
Се играше 10+1 на теренот а подобро се снајдоа избраниците на Ане Андовски, кој славеа на овој меч. Никола Величковски постигна два гола, додека по еден беа дело на Филип Јовановски, Тино Спасиќ и Кристијан Таневски. За противничката екипа единствениот погодок беше дело на Букумира. Се играше во снежни услови посебно во второто полувреме, кога обилно врнеше снег.