Денес на терените на фудбалскиот клуб Работнички во Градски парк повторно се играа натпревари од детската лига. Момците на Павел Неделковски, ФК Вардар генерација родени 2008 одиграа два дуела и забележаа исто толку победи.
ФК Вардар (2) се сретна со тимот на Њу Старс (2) во меч во кој целосно доминиравме дојдовме до победа со резултат 15-2. Уште по крајот на првиот дел се знаше дека црвено-црниот состав предводен од Павел Неделковски лесно ќе дојде до победа ние во првиот дел постигнавме десет гола. Стрелци на истите беа: Арти Азизи (3), Стефан Бранковски (3), Илија Митановски (2) и Ненад Дамјаноски (2).
И во вториот дел продолживме со исто темпо постигнувајќи уште пет гола. На овој меч постигнавме вкупно 15 погодоци, нашиот противник успеа да постигне само два гола како одговор на нашата голеада. Во вториот дел Ненад Дамјаноски стрелеше умешно уште три пати, по еднаш погодија Матео Кесиќ и Арти Азизи.
Вардар (1) исто така победи во денешното коло и тоа против екипата на Форца. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 3:1. По првото полувреме ниту една од екипите немаа водство, резултатот беше нерешен 1:1. Сепак во вториот дел видовме подобра игра и пред се реализација на црвено-црните. Со два гола го решивме победникот за на крајот да забележиме победа. Најпрво Вардар успеа да го отвори резултатот и да поведе со 1:0 со голот на Лука Трпевски, кој е генерациски родени “2о10“ година. До крајот на првите 25 минути гол и за Форца која успева да го израмни резултатот на 1:1. Во второто полувреме, најпрво за 2:1 погоди Коста Бошковски, за конечните 3:1 на овој натпревар да ги постави Филип Сребров.