Нови настапи за вардаровите играчи кои периодов настапуваат за младите национални репрезентации.
Македонија У17 успеа да ја победи Романија на вториот контролен натпревар на овие две репрезентации. Избраниците на Вујадин Бошковиќ славеа минимална победа со резултат 1:0. Нуман Ајетовиќ го одигра целиот натпревар, додека Давор Лефковски не влезе во игра.
До победа стигна и Македонија У18 која во Баку ја победи соодветната репрезентација на Азербејџан со резултат 2:1. Иако домашната репрезентација прва го отвори резултатот, Македонија направи пресврт и славеше победа на крајот. Стрелец на израмнувачкиот гол за нас беше дело на Марко Стојилевски, кој како и Давор Серафимов поминаа 90 минути на теренот.