Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Вардаровите генерации “2003“ и “2004“ во сабота се домаќини на Њу Старс
Вардаровите генерации “2003“ и “2004“ во сабота се домаќини на Њу Старс

Вардаровите генерации “2003“ и “2004“ во сабота се домаќини на Њу Старс

Во сабота на теренот на Академијата, своите натпревари од 13 коло ќе ги одиграат генерациите на ФК Вардар родени “2003“ и “2004“ година. Противник ни е екипата на Њу Старс.

Генерацијата “2003“ до пред одигрување на ова коло има девет победи, еден нерешен резултат и еден пораз. Во рамките на петтото коло на гостински терен убедливо го совладавме Њу Старс со резултат 0:4. Два гола на тој меч беа дело на Стојановски, додека по еднаш во листата на стрелци се запишаа Сељанац и Андрески. Вардар е голем фаворит на овој меч и се освен освојување на три бодови ќе биде изненадување на овој дуел. Натпреварот утре започнува од 12 часот.

Генерацијата “2004“ е во потрага по дванаесетата победа и со максимален број на освоени бодови се наоѓа на првото место на табелата. На првиот дуел одигран на теренот на Њу Старс, црвено-црните славеа со резултат од 1:4. Стоимов, Павлески, Каровски и Јовановски стрелаа за Вардар на првиот натпревар. И тука сме големи фаворити и не би требало да имаме проблеми да забележиме победа. Мечот е предвиден да започне од 10 часот.