Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Фк Вардар генерации “2004“ и “2005“ утрово заминаа на турнир во Бугарија
Фк Вардар генерации “2004“ и “2005“ утрово заминаа на турнир во Бугарија

Фк Вардар генерации “2004“ и “2005“ утрово заминаа на турнир во Бугарија

Нашите млади надежи генерации родени “2004“ и “2005“ на фудбалскиот клуб Вардар утрово заминаа за Бугарија, каде од денес па се до недела ќе учествуваат на силен меѓународен турнир “Балканика куп“ во Сандански. Избраниците на Филип Арсовски ќе се натпреваруваат во групата 1, заедно со екипите на ЦСКА Софија, Престиж Кариана, Фк Охрид и Фк Орлетата. Предводниците пак на Зоран Петковски ќе бидат во групата 2, со екипите на ЦСКА Софија, Фк Метал 2002, Фк Векта, ОФК Вихрен Сандански и Фк Царско Село (Софија).  Натпреварите за двете наши фудбалски генерации ќе започнат во 16 часот. Очекуваме добри натпревари на младите Вардарци и достојно претставување на црвено-црниот дрес.