Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Алекс Јачовски: “Јуниор“ лигата ја гледам како предизвик да се стане врвен играч
Алекс Јачовски: “Јуниор“ лигата ја гледам како предизвик да се стане врвен играч

Алекс Јачовски: “Јуниор“ лигата ја гледам како предизвик да се стане врвен играч

Ракометната Јуниор лига продолжува со силно темпо да се одржува секој викенд. Генерацијата 2000/01 го комплетира 5. коло, во двете групи во 2002/03 се одиграа мечевите од шестото, додека момчињата од генерацијата 2004/05 ја завршија третата рунда во Вардар јуниор лигата. Алекс Јачовски настапува за екипата на СК А. Урдаревски во генерација родени 2000/01 година, на позицијата голман. Оваа екипа се наоѓа на првото место на табелата, во својата возрасна категорија.

-Јас сум многу задоволен од оваа лига, почнувајќи од организаторот РК Вардар па се до играчите кои се натпреваруваат во неа. Чест е да си дел од овој голем проект на Рк Вардар и тука ја гледам иднината и мојот успех. Сите екипи се подедеднакво силни. Настапувам за СК А.Урдаревски, сега за сега сум задоволен од нашата игра, но верувам дека можеме повеќе, во нашиот тим има многу талентирани играчи и тука сакам да му се заблагодарам на тренерот Никола Димовски кој не донесе до самиот врв.

Целта на сите учесници во лигата е јасна, со напорна работа и труд да се биде дел од младинските категории на Вардар.

-Во лигава има многу квалитетни играчи, кои некој ден можеби ќе настапат за младинските екипи на Вардар, а и за Македонската репрезентација. За секој квалитетен играч е потребно вакво силно натпреварување како што е оваа лига. Лигава ја гледам како предизвик со цел да се стане врвен играч, изјави Алекс Јачовски за Вардар фанс.

Звонко Ивановски