Во периодот од 13-15-ти февруари, женската пионерска екипа беше дел од силен меѓународен ракометен турнир во Зрењанин (Србија). Избраничките на Драгана Ристова Пецевска, генерација родени 2002/03 година го освоија шестото место на овој турнир. На турнирот учествуваа повеќе од 80 екипи од неколку различни земји, како Македонија, Србија, Хрватска, Црна Гора, БИХ и Романија. Пионерките на Рк Вардар оствaрија вкупно две победи и три порази. Инаку во групната фаза забележавме една победа против Јаша Томиќ (12:6) и два порази од Камп Црвенка (9:11) и Таурунум Земун (13:2). Во борбата за пласман од 5-8 место, најпрво победивме убедливо во дуелот против Железничар (13:1) и поразот од Авала, за освоено шестто место на силниот меѓународен турнир во Зрењанин. Нивниот тренер, поранешната репрезентативка и член на Кометал Ѓ.П, Будуќност и Вардар, Драгана Пецевска изрази задоволство од настапите на својот тим, со напомена дека мора уште многу да се работи.
-Ова беше наше прво меѓународно искуство и во глобала сум задоволна од настапите на девојките. Игравме во конкуренција, со генерации родени “2001“ година и задоволна сум од нивниот однос и залагањето на теренот. Секако дека има уште многу да се работи и потребно е меѓунардно искуство за понатамошен развој. Што се однесува до организацијата и самиот престој беше одлично и се во најдобар ред. Девојчињата се презадоволни од односот на организаторите на овој турнир, изјави Драгана Ристова Пецевска за нашиот сајт.
Звонко Ивановски