Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Комити > Комити Запад со двојна програма овој викенд
Комити Запад со двојна програма овој викенд

Комити Запад со двојна програма овој викенд

Најверните навивачи на црвено-црните овој викенд првпат во новата година ќе имаат свој активности на мечевите на нивните два миленика, машкиот ракометен и фудбалскиот тим. Ракометниот меч е во сабота, а фудбалскиот е ден подоцна во недела.

На 20 февруари црвено-црниот ракометен колектив го игра својот прв меч дома оваа година во елитната ЕХФ шампионска лига. Избранците на Раул Гонзалес ќе го пречекаат во спортскиот центар “Јане Сандански“ шведскиот преставик во шампионската лига Кристијанштад. Овој дуел е закажан со почеток во 17-30 часот. Во недела почнува пролетниот дел од првата македонска фудбалска лига, прв противник на шампионот ФК Вардар е тетовската екипа Ренова. Ова е дуел од 19.коло во ПМФЛ и истиот е закажан со почеток во 14-00 часот. Комити како верна вардарова сенка на двата дуела ќе ги бодрат своите љубимци од трибината, и на нивни добро познат начин ќе ги водат до нови победи.