Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Челинџ Куп: Последни подготовки за историскиот меч на Вардар јуниор со Карпати
Челинџ Куп: Последни подготовки за историскиот меч на Вардар јуниор со Карпати

Челинџ Куп: Последни подготовки за историскиот меч на Вардар јуниор со Карпати

Нашиот Жрк Вардар Јуниор ќе брка историски пласман помеѓу најдобрите четири екипи во рамките на Челинџ купот. Наш противник во двата 1/4 финални натпревари е екипата на Карпати од Украина. Избраничките на Симе Симовски ќе бидат домаќини на првиот дуел, кој ќе се одигра на 22.февруари во спортскиот центар “Јане Сандански“. Истиот ќе започне во 18:30 часот, а Вардарки ќе се обидат со што подобра предност да го започнат реванш натпреварот во Украина.

Младите девојки ги привршуваат последните подготовки пред овој меч, тие ги имаат последните тренинзи на кои се воигруваат во пресред на овој за нив најважен дуел во кратката историја на Јуниор. Тие во оваа пауза во домашниот шампионат подготвувајќи се за овој европски куп  одиграа пријателска средба во СЦ „Јане Сандански“ со екипата на Жрк Металург од  Автокоманда, со цел одржување на натпреварувачката форма. Мечот со украинките е одлична можност за овие млади девојки, кои оваа сезона се најпријатното изненадување на домашната и меѓународна сцена.  Тие претходно во ова  европско натпреваруња беа подобри од екипите на Лондон Ејнџелс и Војводина Минаква. Вториот реванш-натпревар со Карпати е закажан на 28-ми Февруари, со почеток од 17:00. Од првиот меч во понеделник ќе има директен ТВ пренос, истиот ќе може да го проследите на собранискиот канал на македонската радио и телевизија.