Во текот на вчерашниот ден се одиграа завршните натпревари во детската лига. Фудбалскиот клуб на Вардар успеа да освои две први места со генерациите родени “2004“ и “2007“ година. Покрај тоа освоивме две втори места со генераци “2002“ и “2005“ и трето место со уште една екипа на генерација “2004“ година. Севкупно кога ќе сумираме, добар успех и задоволство од залагањето на сите Вардарови генерации кои настапија во елиминацискиот дел и на финалните мечеви во оваа лига. Да не ги заборавиме едни од најдобрите во регуларниот дел од сезоната, тоа се генерациите родени “2003“ и “2006“ година кои “несреќно“ ги завршија настапите во четвртфиналните мечеви.
Од аспект на настапите на нашите голмани, ги издвојуваме чуварите на мрежата за Вардаровите екипи на генер. “2004“ и ““2007“ година. Вардар (2) генер. “2004“ успеа да направи голем подвиг и да се надмине себеси на завршните натпревари. Нема тука херои и најзаслужни, цела екипа одигра на највисоко ниво, максимално мотивирано и борбено. Сепак голманот на оваа екипа Васко Василев остави посебен “траг“ во освоеното прво место. Да потсетиме дека нашиот надежен голман успеа да одбрани три удари од белата точка во четвртфиналниот меч против екипата на А. Пандев и да го однесе својот тим во полуфиналето. Дефинитивно како се ближеше крајот на сезоната неговата форма одеше во нагорна линија. Од натпревар во натпревар беше се подобар, а неговиот блесок достигна максиум токму кога беше најпотребно. Одлични перформанси за Василев, кој ги покажа и на последните два натпревари. Неговата екипа во полуфиналето беше посупешна од Дарданет, додека вчера во финалето им одржа вистинска лекција на Брегалница од Штип. Повторно Васе беше на висина на задачата, мирно и сконцентрирано го бранеше целиот меч. Единствениот примен погодок во финалниот меч, за малку недостасуваше да го одбрани, иако беше тешко за бранење, сепак Василев успеа да ја допре таа топка, но сепка имаше сила во тој удар и заврши во неговиот гол. Неговите рефлексни интервенции при удари од белата точка, ги докажува уште еднаш, кога речиси во последната минута од мечот успева да одбрани пенал на Брегалница и да не дозволи да се влезе во неизвесна завршница. Повторно смирен, чекаше противничкиот играч да упати удар кој мислеше дека нашиот голман предвреме ќе тргне, но нашиот “херој“ излезе како победник и го скроти овој пенал. Следеше на крајот голема радост за освоеното прво место. Ќе беше вистинско изненадување доколку не се најдеше во списокот за најдобар голман во оваа генерација. Сепак неговото име беше изговорено на доделување на поединечните награди и повеќе од заслужено го доби ова признание.
Златен медал на последниот натпреварувачки ден во детската лига освои и најмладата Вардарова генерација, момчињата родени “2007“ година, кои во финалето беа подобри од екипата на Нова Колонија. Има со што да се пофалиме, кога се однесува за нашите најмлади надежи. Карактер на големи играчи, борбеност до крајно ниво и желба за победа, ја красеше генерацијата предводена од Томче Трајановски. Кога се има добар голман во фудбалот, се е полесно, така се вели во една спортска поговорка. Токму таков има Вардар, во името на Лука Јаневски. Ова момче кое ние го најавивме како голема надеж и потенцијал, имаше блескави партии оваа сезона за својата генерација. Константно добро ја бранеше целата сезона и има голема улога во добрите резултати на младите Вардарци и секако за освоеното прво место на завршниот турнир. Лука располага со “чудни“ голмански потези, кои ги немаат многу голмани на тие години. Повеќе од брзи рефлекси го красат малиот Лука, кои ќе кажеме не се специфични за голмани на толку мала возраст. И на вчерашното финале ја воодушевуваше публиката со своите неверојатни одбрани и придобиваше воздишки од присутните гледачи. На крајот и повеќе од заслужено ја доби наградата за најдобар голман, во генерација родени “2007“ година.
Нивниот успех не би бил голем доколку покрај себе за тренер го немаат најдобриот Слободан Мутибариќ, кој секој ден од својот живот го посветува на овие млади и надежи голмани на Вардар. Напорната и квалитетна работа на легендата “Муто“ исплива на површина на овој завршен турнир. Двајца најдобри голмани на завршниот турнир се токму од најголемиот клуб во Македонија. Честитки од нашата редакција за сите тројца, кои не се сомневаме дека ќе продолжат да работат на високо ниво и да освојуваат нови вакви големи признанија.