Sunday ,20 April 2025
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Вардар најавува ново селектирање за ракометни надежи во генерацијата 2002/2003
Вардар најавува ново селектирање за ракометни надежи во генерацијата 2002/2003

Вардар најавува ново селектирање за ракометни надежи во генерацијата 2002/2003

Веќе е завршено  селектирањето на млади ракометни надежи   од ракометната академија на Вардар за пополнување на местата во младинските екипи на клубот. Исто така и кај  за кадетските екипи го имаше селектирањето. Од клубот најавуваат нова селекција на играчи сега за генерацијата 2002/2003. Во информацијата до јавноста за оваа селектирање велат:

Сето она што го работеле во текот на сезоната, а по препорака на своите тренери во СЦ Кале два дена ќе има избор на играчи од школите на Вардар. За разлика од лани кога кога се почна со академијата и скаутингот, сега се имаше прилика поголемиот дел од членовите на академијата да бидат следени низ натпреварите. Токму оние што покажаа најмногу добија покана да се појават на тренинзите во Скопје каде пред сите тренери на Вардар ќе го покажат својот квалитет.Конечниот избор ќе биде направен откако сите тренери ќе ги усогласат своите размислувања околу тоа кои играчи имаат квалитет и потенцијал да бидат дел од пионерските и кадетски тимови.