Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > Slider > Васоски: Јас сум задоволен од подготовките, навистина овој тим има перспектива
Васоски: Јас сум задоволен од подготовките, навистина овој тим има перспектива

Васоски: Јас сум задоволен од подготовките, навистина овој тим има перспектива

Стручниот штаб на чело со шефот Александар Васоски е задоволен како течеа подготовките на неговиот тим во Словенија. Стратегот на црвено – црните рече дека младите полека но сигурно се наметнуваат во првиот тим, па ќе биде на слатки маки околу составувањето на почетните 11-мина во ПМФЛ.

Добро поминавме во Словенија, она што го планиравме го одработивме. Штета само за тие два пријателски натпревари што не завршија, но не можевме ништо да сториме. Во секој случај јас сум задоволен од подготовките. Имавме многу млади играчи, на некои од нив ова им беа веќе втори или трети подготовки, и веќе се чувствува нивното искуство. Тие се наметнуваат како стандарни првотимци, и на нив можеме да сметаме и во идната сезона и во следните кои доаѓаат. Навистина овој тим има перспектива. Драго ми е што младите играчи покажаа дека сакаат да работат, да се наметнат и да бидат дел од сениорите. Како што е познато, ние мораме во тимот да имаме еден играч под 21 година, и навистина можам да кажам дека на некој начин ќе бидам на „слатки маки“ за тоа место- рече Васоски.

Сезоната за Вардар започнува во недела со домашен дуел против Македонија ЃП.