Медија тимот на ЕХФ во едно видео ги „скоцка„ најдобриот гол, одбрана и асистенција во Лигата на Шампионите за изминатата натпреварувачка сезона, во која Вардар успеа по втор пат да ја освои Лигата на Шампионите.
Две од најдобрите три моменти за сезоната која помина се дел на вардаровите играчи. Најдобрата одбрана ја имаше Милосављев, најдобрата асистенција, Карачиќ до Стоилов, додека најдобриот гол беше за Карлос Руесга од Спортинг Лисабон.