Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Велковски: Ќе дадеме се од себе да ја израдуваме македонската публика
Велковски: Ќе дадеме се од себе да ја израдуваме македонската публика

Велковски: Ќе дадеме се од себе да ја израдуваме македонската публика

Утре со почеток од 21:05 часот на арената “Филип Втори“, фудбалскиот клуб на Вардар го игра последното коло во групната фаза од Лигата на Европа. Во Скопје ќе гостува екипата на Розенборг од Норвешка. На првиот дуел одигран на гостински терен, славеше противникот со резултат 3:1. На тој дуел го постигнавме и првиот гол во групната фаза, дело на Хуан Фелипе. Вечерва клубот одржа прес-конференција на која, шефот на стручниот штаб, Чеде Јаневски ги сподели очекувањата од овој дуел.

-Имаат сличен стил како екипите кои игравме во квалификациите Копенхаген и Малме. Некако сме навикнати на тој стил на игра, сите играчи се подготвени за овој натпревар, ќе дадеме 100% и се надевам дека ќе ја израдуваме македонската публика. Треба да играме доле по земја, затоа што нашиот противник има доста високи играчи. Ако успееме во тоа, ќе им направиме доста проблеми. Што се однесува до одбраната, ако бидеме високо поставени, нема да имаме проблеми во тие воздушни дуели со нивните напаѓачи.