Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > ФК Вардар промовираше девет играчи од младинската школа, Давор Серафимов најстандарден играч
ФК Вардар промовираше девет играчи од младинската школа, Давор Серафимов најстандарден играч

ФК Вардар промовираше девет играчи од младинската школа, Давор Серафимов најстандарден играч

Стручниот штаб на ФК Вардар на чело со Бобан Грнчаров сезонава промовираше девет играчи од младинската школа на клубот.

Грнчаров најголема доверба имаше во Давор Серафимов, играчот роден 2005 година целосна ја оправда довербата настапувајќи на 22 натпревари во ВМФЛ или вкупно поминати 1300 минути на теренот со кои се најде во ТОП-10 играчи кои имаа најголема минутажа сезонава на првенствените натпревари.

Своето деби на официјален натпревар сезонава го имаа уште осум други играчи. Се работи за Ѓорѓи Дошев (392), Горјан Цветков (247), Марко Стојилевски (196), Огнен Здравковски (167) Тино Спасиќ (136), Максим Бундалески (86), Матеј Митревски (23) и Марко Николовски (14).

Во заградата се минутите поминати на теренот, на натпреварите во ВМФЛ. Следната сезона Вардар ќе се натпреварува во ПМФЛ, се надеваме на промоција и на други играчи кои настапуваат за младинските екипи.