По две одиграни сезони во ВМФЛ, фудбалскиот клуб Вардар од следната сезона ќе се натпреварува во најсилната македонска фудбалска лига. Екипата предводена од Бобан Грнчаров иако го освои 3.место во втората лига, успеа преку бараж да се избори за враќање на ПМФЛ.
Дарио Десниќ е најдобар стрелец на Вардар, како изгледа листата на стрелци погледнете во продолжение.
1. Дарио Десниќ -10
2. Владимир Жоглев -9
3. Дарко Мицевски -6
4. Кире Маркоски, Кристијан Николовски и Симеон Христов -4
5. Филип Јаневски, Роберт Митев, Дејан Цветаноски -3
6. Нијаз Јусуфи и Дарко Размоски -2
7. Ненад Мишковски, Никола Величковски, Христијан Вецески, Бенјамин Демир, Јорго Папули и Јован Попзлатанов -1.