Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Младинците на ФК Вардар на пролет ќе продолжат со борбата за Шампионската титула
Младинците на ФК Вардар на пролет ќе продолжат со борбата за Шампионската титула

Младинците на ФК Вардар на пролет ќе продолжат со борбата за Шампионската титула

После финишот на есенскиот дел, младинците се наоѓаат на 4.место на табелата, со само четири бода помалку од лидерот во лигата. Оваа генерација слабо ја стартуваше сезоната, кога после три одиграни натпревари имаше само една победа, но како одминуваа натпреварите беа подобри, за на крајот да се најдат на место, кое ветува дека и на пролет можат да продолжат борбата за титулата. Вардарци имаат најдобра одбрана во лигата со само 9 примени голови, додека напаѓачки постигнавме 18 голови.

Сите постигнати резултати на младинците, во есенскиот дел од сезоната во лигата:

1 коло: Вардар – Кул  1:0

2 коло: Милано – Вардар  1:0

3 коло: Вардар – Шкендија  0:3

4 коло: Работнички – Вардар  1:4

5 коло: Вардар – Охрид  6:1

6 коло: Вардар – Македонија Ѓ.П  1:0

7 коло: Шкупи – Вардар  2:1

8 коло: Вардар – Академија Пандев  0:1

9 коло: Пелистер – Вардар  0:1

10 коло: Вардар – Победа  1:0

11 коло: Брегалница – Вардар  0:3

Младинската екипа ги заврши настапите во Купот, откако на единствениот осминафинален натпревар кој се одигра во Прилеп загубија (2:1) од екипата на Победа.