Девојките на Александар Царчев, ја завршија есенската полусезона како лидери во групата-А и пренесуваат 12.бода во плеј-офот. Постигнаа 12.победи на 14.дуели. Дадовме 462.гола или во просек по 33.од одигран дуел, примивме само 304.погодока или во просек 21.70 по одигран натпревар.
Кај стрелците на врвот веќе 3.сезона по ред е Ивона Трпевска, на само гол зад неа е младата Стефаноска Сара која по повредата игра сезона за паметење. Миновска е повторно во топ-3 со 57.гола, вака изгледа листата на стренци на ЖРК Вардар за дуелите во групната фаза:
1. Ивона Трпевска 78 гола
2. Сара Стефаноска 77 гола
3. Сара Миновска 57 гола
4. Бојана Диневска 48 гола
5. Ивана Џатевска 40 гола
6. Бојана Коцева 31 гола
7. Наталија Максимовска 25 гола
8. Борјана Коцева 22 гола
9. Магдалена Тошевска 20 гола
10. Нина Попова 16 гола
11. Бојана Радевска 14 гола
12. Михаела Стојановска 10 гола
13/14. Јана Равојска 8 гола
13/14. Сара Стојанова 8 гола
15. Ангела Гроздановска 3 гола
16/17. Кети Ангеловска 2 гола
16/17. Ивона Кимовска 2 гола
18. Андреа Илиќ 1 гол
Кај голманите Илиќ која добива највеќе доверба од стручниот штаб оваа сезона е на првата позиција, младата Ѓорѓиевска е зад неа. Вака изгледа листата на голмански одбрани:
1. Андреа Илиќ 118 одбрани
2. Вероника Ѓорѓиевска 51 одбрани
3. Јована Трајкоска 38 одбрани
4. Марија Галачева 8 одбрани