Бразилскиот репрезентативец Леонардо Дутра Фереира ќе биде ново засилување за шампионот на Македонија, екипата на Вардар. Станува збор за играч кој настапува на левата бековска позиција, а може да одговори подеднакво добро и како централен бек.
Инаку, Дутра во минатото беше поврзуван со Вардар, имаше контакти но не дојде до реализација на трансферот. Токму самиот Дутра овој пат повторно ни потврди дека трансферот е готов и дека самиот играч ќе дојде да му помогне на Вардар да ја одбрани титулата.
Но, тоа не е се! Вардар акитивно работи на пронаоѓање на уште две засилувања, за и те како добар ростер за пролетниот дел од сезоната.
Леонардо Дутра заедно со својот Бразил ќе можеме да го гледаме на СП во ракомет.