Еден од најпознатите тренери во младински категории, во моментов шеф на стручниот штаб на сениорскиот тим на Вардар, имаше уште една успешна година.
Со кадетите на Вардар (генерација 2008), Јованчев ја освои титулата во оваа конкуренција што е уште еден во низата трофеи во неговата тренерска кариера. Ова е второ вакво признание за Јованчев откако и во 2018 година беше прогласен за најдобар тренер во младинска конкуренција, по големиот успех и бронзениот медал на Европското првенство Б-дивизија во Сараево.
Конкуренти на Јованчев за ова признание беа Андреј Апостолски Лечиќ од Работнички и Горан Андреевски од Партизан Водно Санс.