Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > (ВИДЕО) од победите на помладите пионери и пионери на Фк Вардар, во дуелите против Шкупи
(ВИДЕО) од победите на помладите пионери и пионери на Фк Вардар, во дуелите против Шкупи

(ВИДЕО) од победите на помладите пионери и пионери на Фк Вардар, во дуелите против Шкупи

Помладите пионери и пионерите на Фк Вардар во рамките на шестото првенствено коло, забележаа многу важни победи на гостувањата во Чаир против  екипата на Шкупи. Само еден гол во противничките мрежи беа доволни, црвено-црните да се вратат со три бода од ова жешко гостување.

-Помладите пионери го скршија отпорот на противникот во второто полувреме, кога при еден слободен удар од некаде 25 метри, прецизно во мрежата на противникот стрелаше Ибрахим Ариф.

Победничкиот гол вреден три бода за голема радост на младите Вардарци, можете да го погледнете ТУКА.

-Пионерите исто така го победија Шкупи со еден единствен гол, дело на Марко Ѓоргиевски. Овој резултат беше актуелен уште во првото полувреме.

Единствениот гол на овој меч, можете да го погледнете ТУКА.