Започна од Шведска, заврши во Турција. Ваков беше патот на нашиот фудбалски шампион кон историскиот успех и пласманот во групната фаза од Лигата на Европа. Вардар успеа да направи голем подвиг и најпрво да го елиминира шампионот на Шведска, екипата на Малме, за да се “сопне„ на следната пречка во лигата на шампионите, против екипата на Копенхаген, а оваа приказна да ја заврши на најдобар можен начин со двете победи над Фенербахче и пласман во групната фаза во второто најголемо европско натпреварување.
Погледнете го видеото и патот на Вардар до историскиот успех.