Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > (ФОТО+ВИДЕО) Пред точно една година: Почит од фудбалски Балкан, Вардар и Комити славеа роденден во спектакуларна атмосфера!!
(ФОТО+ВИДЕО) Пред точно една година: Почит од фудбалски Балкан, Вардар и Комити славеа роденден во спектакуларна атмосфера!!

(ФОТО+ВИДЕО) Пред точно една година: Почит од фудбалски Балкан, Вардар и Комити славеа роденден во спектакуларна атмосфера!!

Пред точно една година на Градскиот стадион, во една прекрасна атомсофера која ја создадоа Комити, екипата на ФК Вардар славеше на натпреварот против екипата на Железничар, по повод јубилејот на ФК Вардар кој го прослави 75 роденден, како и јубилето на Комити од 35 години постоење. Црвено-црните стигнаа до триумф со резултат 2:0.

На натпреварот во стартните 11 беа: Гачевски, Ристески, Глишиќ, Вецески, Мишковски, Мицевски, Јусуфи, Јаневски, Маркоски, Христов и Попзлатанов.

Во игра влегоа уште и Целески, Јовчев, Стоилевски, Дошев, Папули, Величковски, Николовски, Парталко, Велковски, Николов, Блажевски и Цветков.

Комити уште еднаш покажаа дека се најсветлата точка во Македонија, едноставно нивното присуство е силата на Вардар.

- Видета погледнете ги ТУКА и ТУКА.