Вчера арената Филип Втори како во најдобрите времиња на црвено- црниот фудбалски колектив беше полна и обоена во светите бои. Илјадници скопјани и македонци од другите градови дојдоа на овој важен меч . Двете големи трибини беа преполни . На запад стандард најверните навивачите на Вардар популарните Комити беа во одличен број и со песна го бодреа својот тим во текот на сите 90сетина минути од мечот . Видео од навивањето на најдобрата навивачка група во Република Македонија која го следи и бодри ФК Вардар од далечната 1987 година .