Втората екипа на Жрк Вардар втора сезона по ред ќе настапува во Европските купови. Вчера го дознаа својот противник во третата рунда на Челенџ купот, тоа е анонимната екипа од Велика Британија- Лондон ејнџелс.
Вардарки не би требало да имаат никаков проблем за пласман во следното коло на ова натпреварување. Првиот натпреавр помеѓу овие две екипи ќе се одигра во Скопје на 14 или 15 ноември. Една недела подоцна е закажан реваншот во В. Британија. Тренерот на вториот тим., Симе Симовски за официјалната страна на клубот после ждрепката го изјави следново:
-На секој натпревар се подготвуваме за победа. Оваа ждрепка сигурно ни одговара. Се уште не сме почнале да размислуваме за европските купови, зашто сега имаме обврски со младинската репрезентација. Најважно е да имаме подготвени ракометарки, а резултатите секогаш ќе си дојдат, вели Симовски
Најголем дел од ракометарките кои настапуваат за втората екипа на Вардар, во моментов се наоѓаат во Шпанија, каде од утре ги чекаат натпревари на европското првенство за младинки во Шпанија.