Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар пушти во продажба 250 ВИП билети !
Вардар пушти во продажба 250 ВИП билети !

Вардар пушти во продажба 250 ВИП билети !

Одлично иде продажбата на билети за реванш дуелот со АПОЕЛ . Ремито од Никозија ја разбрани македонската фудбалска јавност и со нетрпение се очекува дуелот помеѓу црвено- црните и шампионот на Кипар на нашата најголема Арена . Денес  информираат од Вардар дека се пуштени  во продажба и ВИП влезници за дуелот од Лигата на шампионите. Ќе бидат пуштени 250 ВИП билети, и истите ќе чинат по 500 денари. Останатите билети чинат 100 денари.

 
ВИП билетите можат да се купат онлајн на mktickets.mk и на следниве продажни места:
 
Југотон ГТЦ 1 кат
Универзална Сала – Скопје
Тобако – МПМ ПРЕС
Тобако Дрводекор
Тобако 2 – Скопјанка
Тобако Супер 8