Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар се враќа од Тетово без бодови
Вардар се враќа од Тетово без бодови

Вардар се враќа од Тетово без бодови

Лош ден за фудбалерите на Вардар во Тетово. Со резултат 3:0 екипата на Ренова стигна до лесна и убедлива победа. Се беше јасно уште во 28.минута од првиот дел, кога Величковиќ доби директен црвен картон, а домаќинот зголеми на 2:0 од пенал.

Ренова започна добро и го контролираше натпреварот. За среќа на Вардар домаќинот промаши неколку добри шанси за гол, па остана 0:0 до 20.минута. Се играше 21. минута кога домаќинот успеа да дојде до предност. Шефити беше успешен реализатор. По голот, само седум минути подоцна веќе Вардар беше матиран. Величковиќ доби директен црвен картон, а домаќинот пеналот го претвори во гол за 2:0. До крајот на првиот дел немаше промени на резултатот.

Во второто полувреме на Вардар тешко му одеше со играч помалку да направи некоја добра шанса за намалување на предноста. Уште во десеттата минута од продолжението Ренова зголеми на високи 3:0 со вториот гол денес на Селмани. До крајот на дуелот немаше промени на резултатот, па така со 3:0 заврши денешниот дуел во Тетово.